недела, 24 јануари, 2021

Канал 5: Захариева бара Македонија да го отстапи местото на СП на Бугарија

Текстот е козерија/фикција и надополнување на претходната козерија, а која е одраз на денешните политичко-спортски случувања. Секоја информација е сатира во комбинација со сарказам зачинета и со малку факти.

Канал 5 дознава што има во документот на Захариева даден на Бучковски Првата точка од Анексот во кое се бара Македонија да го отстатпи местото на Бугарија на Европскиот фудбалски шампионат, се надополнува со став 2. кој гласи:

“Македонија го отстапува и местото на Светското Првенство во Ракомет на Бугарија, и е обврзана да ги даде сите свои играчи да настапат под Бугарско знаме, за да може Бугарската Федерација да се подготвува за следните квалификации за Светско Ракометно Првенство на кое не учествувале од 1978 год. “

Отсанува одблиску да ги следиме случувањата со овој се уште „содржински мистериозен“ документ кој Бучковски го добил од убавата Захариева.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!