недела, 24 јануари, 2021

Вечер во 18 часот ги бодриме нашите ОДБОЈКАРИ – Еве кој ќе биде дел од тимот

Mакедонската одбојкарска репрезентација денеска ги стартува квалификациите за пласман на Европското првенство во септември.Квалификациите во Скопје се од 11 до 16 јануари.

По подготовките, денес ќе се одржи првиот меч на нашата селекција со БиХ, кој е закажан за во 18 часот, а на турнирот кој ќе се одигра во Скопје, силите ќе ги одмериме и со моќната Турција.

Иако турнирот во Скопје ќе биде без публика, малата предност на домашниот терен, како и објективниот квалитет, овозможуваат оптимистички пристап кај нашите репрезентативци.

Не би сакал да се опуштиме. Според првичниот список, Босна и Херцеговина изгледа навистина добро, но голем дел од играчите нема да одговорат на повикот на селекторот. Јас мислам дека првата линија ја знам и сметам дека ние сме поквалитетни од нив. Но, без разлика на тоа, треба да играме максимално затоа што знаеме дека најтешко се добиваат добиените натпревари. Имаме искуство, знаење и квалитет за да пристапиме вистински, да оствариме две победи над босанската репрезентација и потоа да се бориме со Турција за првото место во групата, истакна капитенот Никола Ѓорѓиев.

Турскиот национален состав го мина периодот на подмладување уште пред последото Европско првенство, па се очекува оваа селекција да го има главниот збор кога е во прашање првото место во групата. На ЕП во Словенија кое се одржа пред година и половина, Турците во осминафиналето загубија од Италија и завршија на 12. место.

Од друга страна ако успееме да оствариме победа против Турција дома, теоретски, а можеби и практично, уште наредната недела ќе биде остварена целта – повторно учество на европско првенство.

Прво, нашата селекција ќе мора да ги добие двата натпревари против Босна и Херцеговина денес и во четврток, а воедно доволно добро да и се спротивставиме на Турција, во среда и во сабота.

МАТИЈАШЕВИЌ ОДБРА, ПОЧНУВАМЕ БЕЗ МАЏУНКОВ

И покрај тоа што се чувствуваше подобро и ја мина долгата терапија, Филип Маџунков, сепак, нема да може да настапи во првата половина од квалификациите за Европското првенство 2021. Нашиот среден блокер се уште има проблеми со коленото, па селекторот Никола Матијашевиќ евентуално ќе може да го користи за натпреварите од четврток до сабота, коишто формално се дел од вториот од двата квалификациски турнира во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

На конечниот список на селекторот за утрешниот натпревар со Босна и Хрцеговина и за пресметката со Турција в среда, пријавени се 14-мина одбојкари. Единствената дилема е дали Дарко Ангеловски ќе биде примач, какошто играше на четирите контроли со Бугарија, или, пак, ќе настапи како либеро што е негова стандардна позиција во долгогодишната репрезентативна кариера.

Во споредба со Европското првенство во Словенија во 2019-та, дебитантско за нас, во репрезентацијата е Лука Костиќ на местото на Александар Милков, какои 18-годишниот Филип Савовски кој треба да биде иднина на црвено-жолтиот состав на позиција среден блокер.

Коректори: 4.Никола Ѓорѓиев. Техничари: 2.Ѓорѓи Ѓорѓиев, 11.Филип Деспотовски. Примачи: 1.Дарко Ангеловски, 5.Владо Милев, 8.Александар Љафтов,16.Стојан Николов, 17.Лука Костиќ. Средни блокери: 7.Славе Наков, 14.Иван Андонов, 19.Ристо Николов, 20.Филип Савовски. Либера: 12.Филип Николовски, 18.Васе Михаилов.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!