понеделник, 25 октомври, 2021

Кина конечно го одобри влезот на научници на СЗО за да се испита потеклото на коронавирусот

Кина конечно го одобри влезот на меѓународни експерти од Светската здравствена организација (СЗО) чија задача е да го испита потеклото на пандемијата COVID-19, односно коронавирусот. Тие ќе пристигнат во Кина на 14 јануари, соопштија кинеските национални здравствени власти.

Меѓународните научници првично планираа да ја посетат Кина на почетокот на јануари, но кинеските власти го блокираа нивното доаѓање, велејќи дека нивните визи сè уште не биле одобрени, иако некои членови на истражувачката група веќе биле на пат.

Додека СЗО го осуди ваквото однесување на кинеските власти, кинеското Министерство за надворешни работи рече дека сето тоа е недоразбирање. Генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебреизус претходно изјави дека е крајно разочаран од однесувањето на кинеските власти.

СЗО со месеци се обидува да испрати тим експерти од повеќе земји во Кина, за што разговараше со кинеските власти од јули минатата година. Научниците сакаат да утврдат како се шири вирусот кај луѓето и од каде потекнува, по барање на многу земји во светот.

Научниците дефинитивно планираат да го посетат Вухан, кинескиот град каде се појавија првите случаи на коронавирус. Сепак, во пресрет на патувањето на тимот научници, од Кина пристигнуваат информации за други жаришта на првичното ширење на вирусот. Високиот кинески дипломат Ванг Ји рече дека „се повеќе истражувања покажуваат дека вирусот се појавил во повеќе региони“.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!