сабота, 16 јануари, 2021

Салах се соблече и ја исплаши јавноста, Египјанецот покажа огромно вдлабнување на стомакот

Мохамед Салах со години е во одлична форма и еден од најдобрите напаѓачи во светот, а сега покажа и како го доведе своето тело до совршенство.

Како и да е, со таа фотографија, Египјанецот исплаши дел од јавноста откако прво го видоа вдлабнувањето во телото на Салах.

Ова се стомачни мускули на кои очигледно активно работел египетскиот фудбалер, па тие добиле нешто понеобична форма.

Мохамед Салах игра одлично и оваа сезона, но прашање е колку долго ќе го носи дресот на Ливерпул.

Наводно, напаѓачот им се понудил на некои од најсилните европски тимови преку своите агенти, па не би било изненадувачки Салах да ја промени средината на лето.

Салах пристигна на „Енфилд“ во 2017 година и тотално ја оживеа својата кариера, стана шампион на Европа и Англија, а во својата кариера ги носеше и дресовите на Ал Мокаулон, Базел, Челзи и Фиорентина.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!