сабота, 16 јануари, 2021

Човек од Подгорица си ја продал ќерката (12), договорил брак со германско семејство: Неговата одбрана пред судот е бизарна

Две години затвор беше осуден Џевад Б. (41) од Подгорица. Тој ја продал својата дванаесетгодишна ќерка за 5.000 евра пред три години.

Тој верува дека не сторил ништо неморално, иако зел 5.000 евра за дете.

Судијката на Вишиот суд во Подгорица Весна Ковачевиќ донесе пресуда за кривично дело трговија со луѓе.

Во 2017 година, злоупотребувајќи го односот со зависност, тој го договорил и организирал транспортот на неговата ќерка во Германија, каде што се омажила за малолетник, четири години постара од неа.

Џевад Б. не спорел дека ја продал својата ќерка на семејството на идниот сопруг за 5.000 евра, со образложение дека тој не сторил ништо неморално, и дека неговите постапки се во согласност со обичаите.

Џевад Б. рече дека пред одлуката да ја продаде (омажи) својата ќерка, проверил како живее семејството на младоженецот.

Убеден дека неговото дете ќе има подобар и поудобен живот во Германија, тој се согласил таа да се омажи, и како што налагаат обичаите тој зел 5.000 евра.

Истражувањата покажаа дека за помалку од една година се регистрирани 18 малолетнички бракови и дека практиката на договорени бракови сè уште е распространета во Црна Гора.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!