(ВИДЕО) Млади струмичани за „ТикТок“ се ставија во животна опасност бидејќи ја исклучија елката

Дефинитивно Македонија во 2021 година влезе со Тик Ток и видеата кои брзо ги гледаше целата државата. Низа на чудни видеа, кои навистина загрижуваат и поставуваат низа прашања.

Младите прават се и сешто, само да бидат славни, макар на 5 минути. Нивната слава може да донесе и до големи последици, за кои очигледно тие воопшто не се свесни.

Откако претежно машкиот пол беше во центарот на вниманието на ТикТок, денес излезе и видео каде главната улога ја имаат девојчиња.

„ТикТок апликацијата со сигурност не им донесе ништо позитивно на младите. Видеото е од Струмица, а девојчето со намера да добие повеќе прегледи на ТикТок, ја исклучува струјата на елката во центарот на Струмица.

Ова е АПЕЛ до родителите повеќе да се грижат што прават нивните деца надвор од домот!“, пишува порталот Струмица денес, кој го објави видеото на Фејсбук.

Видеото наиде на остри реакции, особено од возрасните.

ВИДЕОТО погледнете го ТУКА.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!