сабота, 16 јануари, 2021

Погба: Не е лесно да се игра за Манчестер Јунајтед

Францускиот играч за врска Пол Погба вели дека не е лесно да се игра за Манчестер Јунајтед, бидејќи очекувањата се секогаш големи, но затоа победите во дресот на „црвените ѓаволи“ се уште повредни.

Манчестер Јунајтед загуби од градскиот ривал Сити во полуфиналето на Купот Карабао, поради што Погба рече дека не е лесно да се носи дрес на „црвените ѓаволи“ затоа што навивачите секогаш очекуваат победа, дури и против најдобрите тимови во светот.

“Не е лесно да се игра за Манчестер Јунајтед и да се носи дресот на овој клуб. Очекувањата се секогаш големи, но затоа победите се поубави, односно вреди повеќе кога ќе поминеш низ тежок период”, изјави Погба.

Тој додаде дека тој и неговите соиграчи немаат време да бидат разочарани и дека ги очекуваат исклучително важни натпревари во Премиершипот, каде во моментов го делат првото место со Ливерпул, тимот со кој ќе играат на следниот натпревар.

“Немаме време да се разочараме, ќе го заборавиме овој пораз и ќе се обидеме да научиме нешто од ваквите игри. Тоа е начин да напредуваме, да бидеме подобри и да го постигнеме најдобриот резултат на следниот натпревар. Имаме добри резултати во Премиер лигата, ајде да продолжиме”, рече Погба.

Манчестер јунајтед по 16 одиграни натпревари има 33 бода, колку што има и Ливерпул, а „црвените ѓаволи“ имаат натпревар помалку против Барнли.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!