сабота, 16 јануари, 2021

Напднале возрасна жена затоа што им вели да стават маски: Инцидент во автобус на ЈСП

Денес на социјалните мрежи се појавија видеа и фотографии од инцидент што се случил во еден од автобусите на ЈСП.

На видеото јасно се гледа како две лица предизвикале инцидент во автобус на ЈСП откако не носат маски, а патници ги предупредуваат да стават маски за да ги почитуваат здравствените правила.

Во одговор насилниците порачуваат дека тие се верници а други неверници, дека ќе ставаат во киселина, дека ќе сечат глави и дека не знаат патниците со кого си имаат работа.

Видеото е објавено на Твитер, а според изворот кој го објавил видеото на крајот го нападнале девојчето кое го снимило видеото.

Во постот што е објавен на Твитер го пишува следното:

– Ај да ги направиме познати МОРОНИВЕ! Жена во години им вели да стават маска, тие ја тепаат! Се закануваат на пола автобус дека ќе му сечат глава и дека ќе ги ставаат во киселина! На крај ја напаѓаат девојката која снима!

Видеото од настанот може да го погледнете ТУКА.

Извор: press.24

Коментари

коментари

error: Content is protected !!