Мурињо не се откажува од овој фудбалер од Балканот: Сака да го види во својот тим

Екипата на Тотенхем веројатно ќе се засили во јануарскиот преоден рок и ќе донесе некои фудбалери со кои дополнително ќе го подигне нивото во продолжението на сезоната во која фановите на клубот се надеваат на историски успеси.

Тотенхем се пласираше во едно финале за прв пат по 13 години откако стигна до послендиот натпревар од Лига Купот каде за противник ќе го има Манчестер Сити, а клубот е сериозен претендент и за титулата во Премиер лигата.

Токму затоа, Мурињо сака да додаде дополнителен квалитет во тимот, па како што пишува„ Калчомеркато“ се заинтересирал за ангажман на Иван Перишиќ од Интер.

Мурињо го посакуваше Перишиќ и во Манчестер Јунајтед, а беше подготвен дури да го даде и Антони  Марсијал за да го обезбеди потписот на хрватскиот интернационалец.

Сепак, тогаш трансферот не се реализира, па Жозе сега ќе има можност да го донесе Перишиќ во еден свој тим.

Иван Перишиќ е роден на 2 февруари, 1989 во Сплит — хрватски фудбалер, играч од средниот ред на хрватската репрезентација.

Извор: derbi.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!