сабота, 16 јануари, 2021

Коронавирусот влезе во тимот во Астон Вила, вечерва против Ливерпул ќе настапи тимот до 23 години

Натпреварот од третото коло на ФА купот помеѓу Астон Вила и Ливерпул ќе се одигра и денес и покрај тоа што коронавирусот влезе во редовите на тимот од Бирмингем.

Значителен број на лица заразени со коронавирус беа евидентирани во Астон Вила, а сите фудбалери и вработени во клубот беа испратени на изолација.

.

.

Иако се очекуваше натпреварот да биде одложен, тоа не се случи и вечерва играчите кои играат за тимот до 23 години што се натпреварува во англиската резервна лига ќе се појават во Вила Парк во дресот на домашниот тим.

На местото на Дин Смит ќе биде тренерот до 23 години, Марк Делејни.

Натпреварот Астон Вила – Ливерпул се игра вечерва од 20:45 часот.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!