Конгресот на САД ја потврди победата на Бајден на претседателските избори

Конгресот на САД во четвртокот ја потврди победата на Џозеф Бајден против Доналд Трамп на претседателските избори на 3 ноември. Инаугурацијата на новиот претседател е закажана за 20 јануари.

Од вкупно 538 гласачи кои гласаат за претседател на САД, Бајден освои 306 гласа, додека Трамп 232.

Три изборни гласа од Вермонт му овозможија на Бајден и избраниот потпретседател Камали Харис да го надминат прагот на неопходните 270 за победа, пренесува Си-Ен-Ен.

Сенатот и Претседателскиот дом ги отфрлија барањата за одбивање на изборните гласови на Џорџија и Пенсилванија за Бајден.

Републиканците исто така ги оспорија гласовите од Аризона, Невада и Мичиген, но тоа беше одбиено уште пред да се одржи дебатата.

Заедничката седница на Конгресот, која традиционално е свечен чекор во конечната потврда на изборниот процес во САД, беше прекината неколку часа поради упадот на приврзаниците на Трамп во Капитол.

Сесијата продолжи околу осум навечер по локално време (два часот по полноќ по средноевропско време), според зборовите на потпретседателот Мајк Пенс: „Ајде да се вратиме на работа“.

Пенс и Бајден

Сесијата беше прекината во средата, откако стотици приврзаници на претседателот Доналд Трамп упаднаа во зградата на Капитол.

Полицијата ги евакуираше членовите на Конгресот и помина повеќе од три часа обидувајќи се да го исчисти Капитол од приврзаниците на Трамп. Загинаа четири лица, а 52 беа уапсени.

Републиканскиот сенатор од Јута, Мит Ромни го обвини претседателот во заминување Доналд Трамп за насилството во Капитол и ги повика неговите колеги едногласно да ја потврдат победата на Џо Бајден.

„Се собравме поради повредената гордост на себичен човек и гневот на приврзаниците, кои тој намерно ги дезинформираше во изминатите два месеци и ги охрабри акциите утрово. „Она што се случи денес овде е бунт поттикнат од претседателот на Соединетите држави“, рече Ромни.

Потврдата на гласовите на Изборниот колеџ е една од последните постапки за проверка на резултатот од изборниот процес во САД, што е пропишано со американскиот устав.

Сојузниците на Трамп во Претставничкиот дом и Сенатот планираа да се спротивстават на резултатите од изборите во неколку сојузни држави за време на сесијата, и тие прво се спротивставија на резултатот во Аризона. Тој приговор беше одбиен во текот на вечерта, најпрво во Сенатот, а потоа и во Претставничкиот дом.

Сепак, по хаосот и насилството во средата, неколку републикански сенатори се предомислија, изјавувајќи дека нема да се спротивстават на конгресната потврда за победата на новоизбраниот претседател eо Бајден.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!