Забранет е влез на тимот на Светската здравствена организација (СЗО), кој треба да го испита потеклото на вирусот Ковид-19 во кинескиот град Вухан.
Двајца членови веќе беа на пат, а СЗО соопшти дека проблемот настанал во недостиг на одобрување за издавање визи, пренесува Би-Би-Си.
Сепак, Кина го оспори тоа, велејќи дека деталите за посетата, вклучително и датумите, сè уште се договараат, пренесува Танјуг.
.

Кина денес објави дека сè уште работи на аранжман за пристигнување на тим експерти од СЗО за истражување на потеклото на новиот вирус на корона, откако оваа институција изрази загриженост за доцнењето.
Директорот на СЗО, Тедрос Адана Гебрејесус, вчера изјави дека е „многу разочаран“ што Кина не го одобрува доаѓањето на истражниот тим и додаде дека тоа е приоритет на СЗО.

Австралиската влада ја повика Кина да дозволи посета на експерти на СЗО кои истражуваат како започнала пандемијата, инсистирајќи на тоа дека државата треба да им одобри визи „без одлагање“, пренесува Гардијан.
Новиот вирус корона првпат беше откриен во кинескиот град Вухан кон крајот на 2019 година и оттогаш се шири низ целиот свет. Останува многу непознато кога станува збор за потеклото на вирусот, а Кина е чувствителна на сугестиите дека можеше да стори повеќе во раните фази на пандемијата за да се запре.
Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Хуа Чунинг на редовната прес-конференција во Пекинг изјави дека проблемот за тимот „не се само визите“.

На прашањето дали датумот на пристигнување на експертите е договорен порано, таа рече дека се случило „недоразбирање“ и дека двете страни се уште разговараат за периодот на пристигнување и други аранжмани и дека ќе останат во „блиска комуникација“.
Меѓународен тим од 10 експерти требаше да пристигне во Кина на почетокот на јануари како дел од долгоочекуваната мисија за истражување на раните случаи на инфекција, пренесува Срна.