петок, 29 септември, 2023

Утре е Бадник: Еве кои се обичаите

Православните христијани утре го слават Бадник, денот кога цело семејство е заедно на трпеза и  претставува симбол на светлината и топлината на домот и на сите членови на семејството. Бадник е најзначајниот христијански празник и најбогат со обичаи.

Според обичаите семејството на Бадник се собира на заедничка вечера, се прави богата, посна трпеза, на која се принесува од се по нешто за да им биде богата годината. На сликата подолу е прикажана традициналната Бадникова вечера, со погача во која се става паричка.

Се меси погача, а во некои места се прават зелници во кои се става паричка. Се верува дека оној на кого ќе му се падне паричката ќе го следи среќа во текот на целата година.

Пред почнувањето на вечерата на која цело семејство е собрано, домаќинот ја благословува трпезата, го крши лебчето или го дели зелникот, на толку делови колку што има членови во семејството, оставајќи уште дел за Бога и дел за куќата.

Еве некои стари народни обичаи за Бадник кои и до ден денес некаде се почитуваат:

-Според обичајот вечерта на Бадник не се оди на гости.

На Бадник ништо не треба да се позајмува, а она што е претходно позајмено, тоа се бара назад, бидејќи не е убаво она што и припаѓа на куќата да биде надвор од неа за Божиќг

-Ако на Бадник биде облачно, ќе биде родна година

-Ако на Бадник се собере доста пепел на бадниковото гранче кое гори, се верува дека зимата ќе биде студена со многу снег

Извор: faktor.mk

Коментари

коментари