сабота, 16 јануари, 2021

Потресна приказна: Далибор е самохран татко, боледува од рак и го изгубил својот дом во земјотресот: Јас сам би заработувал, но не можам

Далибор Вигњевиќ е самохран татко, боледува од рак и изгубил сè во земјотресот: Јас сам би заработувал, но не можам, вели тој.

Животот на Далибор воопшто не е лесен. Шамар по шамар постојано е исправен пред нови предизвици, но тој сепак се смее. Тој е самохран татко, се бори со рак и неговата куќа е уништена во земјотресот што ја снајде Хрватска. Домот во кој живеел со неговата ќеркичка Лили и неговата сестра Љубица, веќе не постои, пишува Јутарњи лист.

Неговата ќерка има само 12 години, а веќе доживеала голем стрес, сите нејзини работи биле уништени под урнатините. Неколку денови престојувале кај пријатели, по што Далибор одлучил да не и предизвикува дополнителен стрес на керќата и ја испратил кај роднините на нејзината мајка на море.

Тешко му било да се раздели од ќерката, но животот не прашува – вели Далибор.

Тој се заблагодари на сите добри луѓе кои им понудиле помош, како и на пријател од Швајцарија

– Тој е во Швајцарија и му благодарам бесконечно. Јасно е дека ова не е решението. Немаме друг начин освен да ни помогнеме кој може. Јас би заработувал и самиот, но не можам – вели Далибор кој е лут на самиот себе, што мора да побара помош.

Сепак, болеста што го мачи не прашува колку години има. Ракот на коренот на јазикот се ширел и продолжил на вратот, на рамото. Вратот, јазикот и черепот беа оперирани, за среќа сега е подобро, но последиците останале.

– Немам две третини од мојот јазик, неколку лимфни јазли и неколку мускули. Нервот на рамото ми е оштетен, затоа многу малку ја кревам левата рака, десната нога е слаба, затоа што од неа извадија мускул за да се закрпат на друго место … Имав надоместок за попреченост и додаток за дете. Но сега и тој надомест ми е прекинат, не знам зошто. Ваквата моја физичка состојба е трајна – вели Далибор.

Тој е среќен што успеал детето да го заштити од стрес и да го тргне на страна овој период, но мора да размислува и за утре. Тој не може да замисли дека не е со неговата ќерка, која по разводот сакала да остане со нејзиниот татко.

За ќерката вели дека била похрабра при земјотресот отколку самиот тој. Додека таа била сама во куќата, тој бил во продавница.

– Отидов дома колку што можев побрзо. Тешко беше да се оди, земјата се движеше под нозе. Дојдов дома, таа стоеше мирна и чекаше сè да помине, без паника.

Далибор Вигњевиќ моментално е одделен од својата ќерка и го загуби својот дом –  како што пренесува Јутарњи, секоја донација би била добредојдена.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!