среда, 1 декември, 2021

Со украден багер уништил 50 возила поради отказ од работа

Поранешен вработен во фабриката на Mercedes во Виторија украл багер од градилиште и се упатил кон неговата поранешна компанија, оддалечена околу 20 километри од местото каде го украл багерот.

Откако ја пробил оградата, се упатил кон новите, штотуку изработени комби возила Mercedes паркирани во кругот на фабриката.

Резултатот е над 50 сериозно оштетени примероци на моделите Vito и V-Class, кои се произведуваат во оваа шпанска фабрика, а штетата во моментов се проценува на повеќе од 2 милиони евра.

Работникот на крајот бил уапсен и обвинет за повеќе кривични дела. Според локалните медиуми, среќна околност е што инцидентот се случил во време кога погоните не работеле, а околу фабриката биле само членови на службите за безбедност и одржување, па нема повредени.

Штетата можело да биде и поголема, имајќи предвид дека, според очевидците, работникот со багер се обидел да влезе во производствената сала за да ја оштети скапата опрема, но не успеал во тоа.

Интересно е тоа што овој 38-годишник не бил отпуштен неодамна, поради најновата економска криза, туку добил отказ во 2017 година, па се претпоставува дека подолго време подготвувал „одмазда“ на својот поранешен работодавец.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!