понеделник, 19 април, 2021

Џулијан Асанж сепак не може да биде екстрадиран во Америка, пресуди британскиот суд

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж не може да биде екстрадиран во САД поради обвинувања за шпионажа и хакирање на државни компјутери, одлучи британски судија, пренесува Гардијан.

Пресудата беше донесена до Централниот кривичен суд од страна на окружната судијка Ванеса Барајтсер.

.

.

Судијата го блокирал барањето поради загриженост во врска со менталното здравје на Асанж и ризикот од самоубиство во Соединетите држави, јави Би-Би-Си.

Таа презентираше докази за неговото самоповредување и самоубиствените мисли и рече: „Севкупниот впечаток е дека тој е депресивен и понекогаш очаен човек кој се плаши за својата иднина.“ Таа изјави дека екстрадицијата во САД е ризик за него.

Против пресудата се очекува да биде поднесена жалба, која доаѓа по неколку недели сослушувања во Олд Бејли минатата година и по кампањата на приврзаниците на Асанж и оние кои американските обвинувања против него ги карактеризираат како напад на слободата на печатот.

Обвинителството на САД го обвини Асанж за 17 точки на шпионажа и една точка на компјутерска злоупотреба во врска со објавувањето на тајни американски воени документи преку Викиликс пред десет години.

Вкупно 175 години затвор може да се добијат за овие обвиненија. Одбраната на Асанж наведува дека тој е новинар и дека има право на заштита според Првиот амандман на американскиот устав за објавување протечени документи кои ги откриваат активностите на американската армија во Ирак и Авганистан.

Тие исто така тврдат дека условите со кои тој би се соочил во американскиот затвор би ги нарушиле неговите човекови права. Асанж избега додека беше на условен отпуст во 2012 година и побара азил во еквадорската амбасада во Лондон, каде на крајот помина седум години пред да биде протеран од таму на 11 април 2019 година и веднаш да биде уапсен во Лондон. Тој се наоѓа во затворот во Лондон од април 2019 година.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!