Дали почна битката за наследник на Путин: Погледнете го списокот од потенцијалните наследници

Владимир Жириновски, лидерот на втората најголема руска опозициска партија, именуваше осум кандидати за кои верува дека најверојатно ќе го заменат Владимир Путин на претседателската функција. Тој на шега го додаде и своето име на списокот можни наследници.

Тој е основач и лидер на десничарската Либерално-демократска партија на Русија, заменик претседател на руската Дума и член на Советот на Европа, а во политиката е скоро 30 години.

Неодамнешната анкета на Левада покажа дека неговиот „рејтинг на доверба“ е 13 проценти. Тоа е четири пати повеќе од довербата што ја ужива најпознатата опозициска фигура во Русија – Алексеј Навални од три проценти.

Гостувајќи на телевизискиот канал Русија 1, тој покажа список со имиња на руски политички фигури кои би можеле да го наследат Путин. На списокот има и жена и поранешен претседател.

Жириновски го именуваше премиерот Михаил Мишустин за прв кандидат, кој стана премиер во јануари минатата година.

Михаил Мишустин

Порано непознат за огромното мнозинство од населението, Мишустин брзо стана почитувана личност, а сега тој е зад Путин во однос на тоа колку граѓаните му веруваат.

На списокот е и Сергеј Шојгу, уште еден функционер, кој е меѓу најпопуларните според анкетите. Во моментов е министер за одбрана, а претходно беше гувернер на московскиот регион. Шојгу е од Република Тива, на границата со Монголија и е еден од ретките претставници на руските етнички малцинства во највисоките нивоа на власта.

Сергеј Шојгу и Путин

Следен на списокот е Сергеј Наришкин, поранешен политичар, кој сега е директор на Службата за надворешно разузнавање на Руската Федерација. Тој извесен период беше вклучен во највисоките нивоа на руската влада, тој беше заменик-премиер, шеф на претседателската администрација и претседател на Државната дума.

Путин и Наришкин

Актуелниот претседател на парламентот, Вјачеслав Володин е исто така на списокот. Поранешен заменик-премиер, Володин е близок соработник на Путин и веќе подолго време се шпекулира дека има претседателски амбиции.

Жириновски го наведе и името на градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин. Тој е заслужен за трансформацијата во градот за време на неговиот десетгодишен мандат, инвестирајќи милијарди во инфраструктурни и козметички промени. Неодамнешната анкета покажа дека московјаните му веруваат повеќе отколку на Путин.

На списокот со осум потенцијални кандидати има само една жена: Валентина Матвијенко (71). Таа е претседател на Советот на федерацијата, горниот дом на Федералното собрание. Таа е постојан член на Советот за безбедност на Руската Федерација. Од 2003 до 2011 година беше гувернер на Санкт Петербург. За тоа време, градот изгради важни инфраструктурни и стана една од топ дестинациите во Европа.

Валентина Матвијенко и Владимир Путин

Најмладата личност на списокот е Алексеј Дјумин (48), сегашен гувернер на регионот Тула, кој се наоѓа на 200 км од Москва. Се верува дека Думин играл витална улога во анексијата на Крим во 2014 година, но тој тоа го негираше. Пред да работи како гувернер на Тула, тој беше заменик министер за одбрана.

Последно на списокот е името на поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, десна рака на Путин подолго време. Медведев е далеку помалку популарен од неговиот ментор, а оваа година ја напушти улогата на премиер и стана заменик претседател на Советот за безбедност.

Извор: Во Центар

Коментари

коментари

error: Content is protected !!