(ВИДЕО) Змија се нафрла на бебе – мајката го гледа сето тоа, нејзината реакција ја фатија безбедносните камери

Мајка од Витнам панично бега со бебето откако забележала огромна змија како се приближува до импровизираната лежалка каде што се одмарала со бебето.

Мајката и бебето во виетнамската провинција Бен Тре одмарале во импровизирана лежалка и не знаеле за потенцијалната опасност. Мајката некое време не ја забележувала змијата, а кога ја видела, го грабнала бебето и побегнала.

.

.

Снимките од безбедносните камери се појавија на ВиралХог и оставија многумина без здив.

„Овој питон може да проголта бебе“, „Уште еден доказ дека малите деца не треба да останат сами во Виетнам“, се само некои од реакциите на Јутјуб.

Видеото може да го погледнете ОВДЕ

Коментари

коментари

error: Content is protected !!