недела, 24 јануари, 2021

Неочекувано брзо: Биткоинот достигна нова рекордна вредност


Вредноста на Биткоин денес достигна рекордно ниво, после константното зголемување во период од неколку месеци. Биткоинот се зголеми за четири пати во однос на глобалната пандемија на коронарен вирус, јавува Би-Би-Си.

Kриптовалута за прв пат надмина 30.000 американски долари. Само пред неколку недели, биткоинот достигна 20 000 американски долари за прв пат.

Вредноста на биткоинот скокна за 300 проценти во 2020 година, а само во претходниот месец, неговата вредност се зголеми за 50 проценти.

Во 2009 година креаторот на биткоин, анонимен развивач скриен зад псевдонимот Сатоши Накамото, ја претстави биткоин мрежата. Иако е прифатен како „татко“ на биткоин, неговиот идентитет сè уште е непознат.

Биткоин е децентрализирана виртуелна валута. Со дигиталниот токен може да се купуваат работи на интернет или да се замени во офлајн светот. За замена од биткоин во пари се користат банкомати за криптовалута. Криптовалутата не е поврзана со банките.

Биткоин е контролиран и креиран од самите корисници преку компјутер кој извршува комплицирани математички проблеми. Секој од биткоините пуштени во употреба до денес, е уникатен број. Бројот може да се префрли од и во дигиталните новчаници на корисниците.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!