понеделник, 21 јуни, 2021

Заврши неколкудневната драма во САД – Трамп го потпиша пакетот за помош за пандемијата и буџет за владата

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша пакет помош заради пандемијата во износ од 900 милијарди долари, со што заврши неколкудневната драма поради неговото одбивање да го потпише предлог-законот што беше усвоен во двата дома на Конгресот.

Буџетот вклучува 1,4 трилиони долари за финансирање на владините услуги до септември.

Ова ќе овозможи исплата на долгоочекуваните пари на компании и физички лица и ќе ја спречи федералната влада да остане без средства.

Предлог-законот беше усвоен со убедливо мнозинство во двата дома на Конгресот, но Трамп побара предвидениот износ на еднократна парична помош да се зголеми од 600 на 2000 американски долари за физички лица и 4.000 американски долари за парови.

Откако Трамп се откажа од заканата дека ќе го блокира законот и сепак го потпиша, помошта за милиони невработени Американци беше обновена, а затворањето на владините служби беше спречено во понеделникот на полноќ.

Трамп рече дека ќе го потпише пакетот со „силна порака што му дава јасно на Конгресот дека треба да се отстрани расипништвото“.

Републиканците и демократите веднаш ја поздравија одлуката на Трамп да го потпише законот.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!