вторник, 18 јануари, 2022

Првиот вакциниран Белгиец има 96 години и има неверојатно искуство – погледнете што порачува

96-годишен Фламанец од регионот Антверпен стана првиот примател на вакцина против коронавирус во Белгија.

Џош Херманс е најстариот резидент на дом за стари лица во градот Пурс, селото во кое се произведува вакцината BioNTech / Pfizer.

Раководителите на домот за стари лица соопштија дека Херманс е избран за прва вакцина, бидејќи тој секогаш се придржувал строго на мерките.

„Тој помина без корона во текот на целиот период, тој исто така се погрижи неговото здравје да биде загарантирано“, објасни директорот Фред Рогиер. „И тој целосно го поддржува принципот на вакцинација“.

„Сега се чувствувам 30 години помлад“, изјави Херманс за локалните медиуми непосредно по вакцинирањето во 11 часот по средноевропско време во понеделникот.

„Треба да се вакцинираат сите, кога сите ќе добијат вакцина, ние повторно ќе бидеме слободни, а нашите деца и внуци можат да дојдат да не посетат.

Херманс ќе добие втора инјекција со вакцината Пфајзер за три недели.

Исто така, меѓу првите вакцинирани во понеделникот беа Хозефа Делмоте, 102-годишна жена од Валон и неименуван стар жител во Брисел.

Белгија ја доби својата прва достава од 9.750 вакцини во саботата, а во понеделникот започна вакцинирањето на помеѓу 300 и 400 лица.

Иако дозите се произведени во белгиската фабрика на Фајзер, земјата нема да има приоритетен пристап во однос на другите земји-членки на Европската унија.

Но, земјата ја разгледа можноста за изменување на стратегијата за вакцини Ковид-19 по ширењето на новиот вид на вирусот, откриена во Велика Британија.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!