Автобус удри во 27-годишна велосипедистка во Скопје

Дваесет и седум годишна девојка од Скопје се здобила со повреди откако додека управувала со својот велосипед во неа удрил автобус, на крстосницата спроти „Веро Центар“, информира МВР.

„На 26.12.2020 околу 18:00 часот на крстосница од бул.Кочо Рацин, бул.Кузман Јосифовски Питу, бул.Крсте Мисирков и ул.Кеј 13-ти Ноември случена е сообраќајна незгода помеѓу автобус ‘мерцедес бенз‘ со скопски регистарски ознаки, управуван од Е.Џ.(40) и велосипед управуван од Д.С.(27).

-Во незгодата со повреди се здобила Д.С. и и била укажана помош во Приватна здравствена установа Систина. Извршен е увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје“, соопшти полицијата.

Трагичен крај на потрагата: Гостиварец кој беше пријавен за исчезнат, пронајден мртов во поток

Гостиварец кој бил пријавен за исчезнат на 16. декември 2020 година, бил пронајден мртов во поток од страна на ловџии, информира МВР.

-Вчера во 11:00 часот во СВР Тетово било пријавено дека во атар на село Падалиште, гостиварско на место викано.„Роѓе Исмолит“, од страна на 38-годишниот А.С. и 38-годишниот Ф.И. двајцата од Гостивар, во поток бил пронајден починат 71-годишниот М.Р. од село Падалиште, кој бил пријавен дека се оддалечил од домот на 16.12.2020. Од екипа на итна медицинска помош констатирана е смрт.

-Увид извршиле јавен обвинител и екипа од Полициска станица Гостивар. Телото на починатиот е пренесено во Медицински центар Гостивар, соопшти полицијата.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!