Мандатот на ДИК завршува – што точно тоа значи?

Локалните избори, ќе треба да бидат организирани од нов состав на Државната изборна комисија. Мандатот на актуелниот завршува веднаш по новогодишните и божиќните празници. По тоа би требало да се активира изборниот законик за избор на нов двогодишен мандат на ДИК.

Законот вели – собранието е тоа кое го распишува огласот за претседател и членови на ова тело. Огласот трае 8 дена, а потоа Комисијата за прашања и именувања изготвува листа од кандидатите кои се пријавиле. Од овој список партиите треба да ги предложат своите фаворити и тоа опозицијата предлага претседател и двајца членови, додека пак, власта потпретседател и тројца членови. Составот на ДИК се избира со 2/3 мнозинство од вкупниот број на пратеници.

Засега нема одговор ни од кабиентот на Џафери ни од претседателот на Комсијата за избори и именувања Костадин Костадинов кога би се активирал законскиот механизам да се распише огласот.

Партиите пак, претпазливи за тоа кои би им биле нивните фаворити во највисокото изборно тело.

„Се надеваме дека власта нема да тактизира со ова особено затоа што наредната година е изборна и треба да има стабилен и кредибилен состав на ДИК за да нема сомнеж во изборните резултати како досега. По составувањето на листата од страна на Комисијата, ние како опозициска партија ќе заземеме став дали и кој од листата ги задоволува критериумите да го продложиме за претседател или член на ДИК. Се уште не сме разговарале за кадровски решенија“.

Место во ДИК овој пат, ќе треба да добие и коалицијата на Алијанса и Алтернатива. Од таму велат дека составот на ДИК требало да биде коригиран и досега имајќи пред вид дека таму БЕСА има место кое го доби како опозициска партија, но сега дејствува како власт.

Неизвесно е дали место би побарала и опозициската Левица која во парламентот поседува само две пратенички места.

Од власта засега без став за мандатот и составот на ДИК. Она што е јасно е дека 4 места ќе треба да бидат поделени меѓу коалицијата на СДСМ и БЕСА и ДУИ.

Неофицијалните информации од власта и опозицијата се дека големи се шансите Македонија за еден месец да добие сосема нов состав на највисокотот изборно тело.

Тековниот состав на ДИК беше избран во тешки политички преговори во јуни 2018 година. Мандатот кој требаше да му истече летово беше продолжен за онолку време колку што траеше вонредната состојба. Овој став на ДИК го организираше референдумот за името, но и парламентарните избори среде пандемија за кои опозцијата обвини за многу забелешки во пребројувањето на резултатите.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!