петок, 26 февруари, 2021

Вчера полицијата во Скопје санкционираше 285 санкционирани возачи во Скопје, од кои 33 без возачка дозвола

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (20.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 285 мерки, меѓу кои 33 за возење без возачка дозвола, 20 за возење под дејство на алкохол, 18 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 8 за користење на мобилен телефон и 3 санкции за минување на затворен семафор (црвено светло). Изречени се 85 мерки за непрописно паркирање и 18 возила се подигнати со специјално возило „пајак“. За неносење на заштитна маска изречени се 22 санкции.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Извор: info.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!