четврток, 28 септември, 2023

Регулаторна: Намалување на дизелот, поскапување за бензините

Од вечерва на полноќ, бензините поскапуваат за половина денар по литар, а за истиот износ поевтинува дизел горивото, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика

Оваа најнова одлука донесе просечно зголемување на сите цени за 0,34 проценти, а дизелот и бензините одат во различен правец.

Бензинот Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 60,5 денари за литар, а Еуросупер-98 ќе чини 62,5 денари за литар. Новата цената на Еуродизелот (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 53 денари за литар.

Со одлуката за 0,550 денари за килограм поскапува Мазутот М-1 НС, кој од полноќ ќе се продава по цена од 28,837 денари.

Коментари

коментари