вторник, 18 јануари, 2022

Протести во повеќе градови во Германија поради епидемиолошките мерки

Протести се одржаа во многу градови во Германија поради преземените мерки за спречување на ширење на инфекција со коронавирус.

Повеќе од илјада луѓе се собраа на протестите во Берлин за да го изразат своето незадоволство од преземените мерки.

Преземени се високи безбедносни мерки, а повеќето беа во согласност со пропишаните мерки, кои се однесуваат на носење маски и почитување на социјалната дистанца. Полицијата ги предупреди оние што не се придржуваа до нив.

Меѓу демонстрантите беше и Хиеко Хандел, кој рече дека се приклучиле на прошетката за да ги заштитат вредностите на мирот, слободата, љубовта, транспарентноста и дијалогот.

Друг демонстрант изјави дека сакале да испратат порака затоа што работите се влошуваат.

Протести се одржаа и во Хамбург, Штутгарт и Нирнберг.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!