вторник, 18 јануари, 2022

Костадинов: Драги мои сограѓани – успеавме, ако се прашувате каде беа пратениците на ВМРО ДПМНЕ – ќе ви кажам

Портпаролот на СДСМ, воедно и пратеник од владејачката партија, Костадин Костадинов доцна вечерва објави статус во кој објаснува дека и покрај многу опструкции, успешно е изгласан буџетот за 2021 година.

Драги мои сограѓани, со многу притисоци од опозициската вмро дпмне, со толку многу зла мисла од нивна страна, дури и закани во комисиска расправа по нашите животи, успеавме да го донесеме буџетот за 2021 година.

Ви благодарам за трпението, вредеше!

⭕️ Обезбедуваме средства за полесно справување со Ковид-19 вирусот.

⭕️Обезбедуваме финансиска поддршка за над 700.000 граѓани.

⭕️Ставаме акцент на зачувување на животната средина

⭕️Ги поддржуваме општините.

Ви благодарам мои струмичани, вие сте мојата сила и трпение да ги издржам и овие работи кои за многу мислат дека се неиздржливи.

Успеавме!

пс. Ако се прашувате каде беа пратениците на ВМРО ДПМНЕ, ќе ви кажам.

Излегоа како кукавици, не можеа да ги поднесат успесите, не можеа да стојат исправено пред фактите.

На крајот, вие ќе им судите на избори и убеден сум дека ќе ги казнете.

Да се земаат народни пари, а да не се оправда тоа барем со присуство, е ужасно

Коментари

коментари

error: Content is protected !!