Холандија ги забрани летовите од Велика Британија поради ризик од ширење на новиот вид на коронавирус

Холандија во неделата рано наутро ги забрани летовите кои доаѓааод од Велика Британија, откако беше откриен новиот вид на коронавурост.

Забраната ќе стапи на сила веднаш и ќе важи до 1 јануари, објави владата.

Холандскиот национален институт за јавно здравје и животна средина (РИВМ) препорача да се ограничи внесувањето на овој вид на вирус од Велика Британија што е можно повеќе со контролирање на патничкиот сообраќај, што доведе до владина забрана за воздушен сообраќај.

Видот на вирусот опишан во Велика Британија веќе е идентификуван во случаен примерок во Холандија на почетокот на декември, се вели во соопштението на владата.

Случајот треба дополнително да се испита за да се утврди кој бил засегнат, како настанала инфекцијата и дали се познати поврзани случаи.

Велика Британија во саботата најави ново затворање за Лондон и делови на југот и истокот на Англија, почнувајќи од недела, загрижена за брзото ширење на нов вид на вирус.

Неодамна откриениот вид на вирус е за 70% позаразен од претходно познатиот вид на вирус, рече во саботата премиерот Борис Џонсон. Но, тој рече дека нема докази дека вакцината против новиот вид е помалку ефикасна.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!