вторник, 18 јануари, 2022

КОНЕЧНО: Ажурирани се податоците – добивте ли 6.000 денари од државата?

Објавен е ажурираниот список на кој граѓаните можат да проверат дали се наоѓаат на листата за добивање на финансиска помош од Владата.

Станува збор за помош од 6.000 денари, што следи во согласност со четвртиот пакет мерки за справување со последиците од Ковид 19.

Граѓаните можат да проверат ТУКА, а потребно е само да го внесете вашиот матичен број за да дознаете дали сте опфатени од најновиот сет мерки.

Оваа помош е наменета за граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица на возраст од 16 до 29 години, самохран родител, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници, а од владата посочуваат дека помошта на загрозените категории граѓани нема да оди преку платежни картички туку директно на нивните трансакциски сметки и нема да биде временски ограничена.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!