понеделник, 19 април, 2021

Приведени двајца тетовци со 2.000 петарди

Вчера околу 16:20 часот на Градскиот плоштад во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Б.А.(45) од Тетово и Џ.М.(46) од с.Челопек, Тетовско, затоа што незаконски продавале пиротехнички средства и петарди на градскиот плоштад.

-Полициски службеници на СВР Тетово ги привеле Б.А.(45) од Тетово и Џ.М.(46) од тетовски Челопек, кои продавале пиротехнички средства. Двајцата биле задржани во Полициската станица Тетово и од нив биле одземени над 2000 парчиња разновидна пиротехника, по што ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Портпаролот на полицијата потсетува дека продавање/купување и активирањето на петарди на јавни места, на улица, во дворови, влезови на станбени згради и слично, претставува законски прекршок.

-Секторот за внатрешни работи Тетово апелира граѓаните да бидат подалеку од ваквите опасни „играчки”, кои неретко можат да предизвикаат и сериозни последици по здравјето, односно повреди на рацете, очите и другите делови од телото, а можат да повредат и други лица, потенцира портпаролот Марјан Јосифоски.

Согласно члeн 31 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир е предвидена глоба од 200 до 500 евра во денарска противвредност. Нивното набавување и дистрибуирање на пазарот во поголеми количини е спротивно на Кривичниот законик и за тоа дело е предвидена казна затвор од три до пет години.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!