четврток, 28 септември, 2023

(ВИДЕО) Со автомобил ја пробил заштитната ограда во близина на Собранието па извикал „министри надвор“

Припадници на Министерството за внатрешни во Србија работи денеска околу 14,25 часот го уапсиле П. Б. (41), кој со автомобил „тојота рав 4“ ја пробил заштитната ограда пред Народното собрание на Србија.

Според соопштението на МВР на Србија, осомничениот излегол од автомобилот откако ја пробил оградата и започнал да бега кон паркот Пионер, со шипка во раката, извикувајќи „министри надвор“.

Припадници на Министерството за внатрешни работи го стигнале осомничениот и го уапсиле.

Одреден му е мерка притвор до 48 часа и ќе биде изведен во надлежното обвинителство.

Видеото од настанот може да го погледнете ТУКА

Коментари

коментари