вторник, 7 декември, 2021

Притвор за разбојник од Битола, од продавница украл 80.000 денари

Битолското основно јавно обвинителство поведе постапка против 21-годишен жител на Битола, поради сомнение дека сторил кривичното дело – разбојништво.

Осомничениот на 11.12.2020 година, околу 23:50 часот влегол во продавница лоцирана на улицата „Партизанска“ наспроти Клиничката болница во Битола со намера противправно да присвои туѓ имот. Тој бил маскиран со црна бејзбол капа, ракавици и заштитна маска во црна боја, се приближил до касата, од џебот извадил нож, започнал да замавнува со него и се заканил дека ќе нападне врз животот на вработената, по што ја отворил касата и одзел од оштетеното правно лице парични средства во износ од 79.200,00 денари.

Од битолското основно јавно обвинителство информираат дека на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена, поради постоење на опасност од бегство и страв дека осомничениот ќе влијае на сведоци или пак ќе го повтори кривичното дело.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!