По лекарот од Боговиње, почина уште една здравствена работничка – од Битола

Матичниот лекар Дашмир Дервиши од тетовско Боговиње почина поради последици од Ковид-19, објави месната заедница од Боговиње на нивната Фејсбук страница. Доктор Дервиши на возраст од 41 година, имал своја ординација во Боговиње.

Градоначалникот на Богивиње, Албон Џемаили на својата Фејсбук страница исто така објави за смртта на сограѓанинот.

Вечерва нова тажна вест.

На 57 годишна воздраст поради компликации од Ковид-19 вчера починала Елизабета Јанкова, дипломиран технолог, здравствен работник од Центарот за јавно здравје Битола.

Таа е втора жртва од Ковид-19 во Битолското здравство.

Јанкова била дел од Битолското здравство 35 години, а во последните месеци несебично се вложувала во справувањето со пандемијата.

Претходно, почина медицинска сестра од одделението за хирургија во Битолската болница.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!