понеделник, 25 октомври, 2021

Конечно има одговор: Дали тие што прележале Ковид-19 треба да се вакцинираат

Фајзер, Модерна и АстраЗенеканаправија голем напредок во развојот на вакцина за коронавирус, па се очекува вакцинацијата да започне ширум светот во првата половина на следната година.

Ако веќе сте имале ковид-19, веројатно се прашувате дали треба да се вакцинирате. Сè уште нема официјални упатства за да се одговори на ова прашање.

„Во моментов е предизвикувачко прашање затоа што ги немаме сите податоци за целосно да одговориме“, рече др. Јан Гонсенхаузер, раководител на одделот за квалитет и безбедност на пациентите на Медицинскиот центар Векснер на Државниот универзитет во Охајо.

Гонсенхаузер наведува дека лекарите очекуваат сите да бидат вакцинирани, дури и оние кои веќе имале ковид-19.

„Вакцинацијата ќе го зајакне вашиот имунолошки одговор ако повторно бидете изложени на ковид-19“, рече др. Ричард Воткинс, лекар за инфективни болести во Акрон, Охајо.

“Се верува дека вакцината може да обезбеди долготрајна заштита од инфекција. Не знаеме со сигурност, но се надеваме дека е така”, рече Вилијам Шафнер, специјалист за заразни болести и професор на Медицинскиот факултет на универзитетот Вандербилт.

Шафнер наведува дека оние кои преживеале ковида може да почекаат малку за вакцинација, бидејќи другите групи ќе бидат приоритети на почетокот на вакцинацијата. Овие се пред се здравствени работници, но исто така и групи со висок ризик.

Дали е безбедно да се вакцинирате ако сте имале ковид-19?

Сè уште нема официјални податоци што би можеле да одговорат на тоа, но неколку лекари за WebDM изјавуваат дека веројатно нема да ги претставуваат.

„Се чини неверојатно дека ќе се појават несакани ефекти ако веќе сте го прележале ковид-19“, рече Гонсенхаузер.

Шафнер наведува дека ако веќе сте го прелеѓале ковид-19, вакцината може само дополнително да го зајакне вашиот имунитет.

Извор: Локално

Коментари

коментари

error: Content is protected !!