среда, 1 декември, 2021

Бугарска пратеничка: На светот му стана јасно дека кирилицата е бугарска азбука

Додека целиот бугарски државен врв ја обвинува Македонија за ширење на некаков „говор на омраза“ кон Бугарија, бугарска пратеничка јавно зборува за „еден народ во две држави“ и дека кирилицата била бугарска азбука.

Откако бугарскиот парламент го преименува празникот 24 Мај во празник на, меѓу другото и „бугарската азбука“, Марија Цветкова, пратеничка од бугарскиот парламент порача дека сега на светот му е јасно дека кирилицата всушност е бугарска азбука.

Марија Цветкова

„Историската вистина беше обновена. На светот му стана јасно дека кирилицата е бугарска азбука. Со промена на словенското писмо со бугарско во името на празникот, ние му даваме тежина на бугарското писмо. Покажуваме дека кирилицата е основа на словенската литература“, изјави Цветкова од редовите на ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов за време на гостувањето на бугарската телевизија „Европа“.

Во врска со Македонија и ветото кое земјава го доби од Бугарија, Цветкова порача дека Софија не ја сопрела Македонија кон патот на Европската унија.

„Бугарија не ја сопре Македонија кон ЕУ. Бугарија во последните години направи сѐ што е возможно Македонија да стане членка на ЕУ. Потсетувам дека Бугарија прва ја призна Македонија пред 30 години. Ѝ ја призна независноста за да може Македонија да добие независност од Југославија. Бугарија направи сѐ што е можно и други држави да ја признаат. Ние подаваме рака на Македонија, на нашите собраќа, зашто имаме заедничка историја. Две држави – еден народ“, изјави Цветкова која во духот на европските вредности, ја потсети Македонија да си го „реформира образовниот систем“.

„Тие треба да го реформираат образовниот систем – не може да пишува дека сме фашистички окупатори и татари. Треба да запре кражбата на бугарските историски личности, на лидерите и водачите на ВМРО – Гоце Делчев, Даме Груев, Тодор Александров. Тие кажале дека се Бугари, тоа го пишува во нивните лични документи“, тврди Цветкова.

Извор: tocka.com.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!