сабота, 16 јануари, 2021

ВШМ СПбГУ – создаден со поддршка на Владимир Путин, се најде во водечките бизнис школи во Европа

Високата школа за менаџмент на Санкт-Петербуршкиот државен универзитет (ВШМ СПбГУ) ги подобри своите перформанси во реномираниот рејтинг на водечки бизнис – школи во Европа Financial Times European Business School ranking 2020. Рангирањето на „Financial Times“ е засновано врз кумулативните перформанси на европските врвни училишта на сите рангирања објавени од FT: MBA, Executive MBA, Masters in Management (MiM) и Executive Education.

Весникот „Financial Times“ ги анализира образовните и едукативни програми засновани на податоци собрани од деловните училишта и преку спроведување на анкети на дипломираните студенти.

Сепак, многу од најдобрите европски бизнис-школи, исто така, можат да погледнат на 2020 година како година на значителни достигнувања и успеси, во развој на нови наставни методи и привлекување нова публика и студенти за бизнис образование во екот на епидемијата на коронавирус, секако во споредба со другите делови на светот.

На 7 декември, „Financial Times“ го објави своето годишно рангирање на европските бизнис школи. Една од водечките руски ковачници на човечки ресурси за бизнис и менаџмент, Високата школа за менаџмент на Санкт-Петербуршкиот државен универзитет (СПбГУ), е на 51 позиција, и ја подобри својата позиција за 8 места, во споредба со минатата година, и има намера да ја подобри својата позиција во иднина. Високата школа за менаџмент на Санкт-Петербуршкиот државен универзитет (СПбГУ), е основана во 2007 година како дел од приоритетниот национален проект „Образование“ со директна поддршка на претседателот Владимир Путин.

„Financial Times“ ги рангира образовните институции и универзитети по повеќе параметри поврзани со нивните магистерски и дипломски програми за бизнис администрација. Значи, оваа година Executive MBA програма на Државниот универзитет во Санкт Петербург (СПбГУ) влезе во првите 100 на Financial Times Executive MBA Ranking 2020 за прв пат, објавена на 26 октомври 2020 година.

Дискутирајќи за новиот напредок на реномираниот рејтинг на „Financial Times“, ректорот на Санкт-Петербуршкиот државен универзитет (СПбГУ), Николај Кропачев рече дека „Претседателот на Русија, Владимир Путин, во далечната 2006 година започна со приоритетниот национален проект „Образование“, и постави задача да создаде училиште на светски бизнис лидери во Русија. Ова училиште требаше да обучи специјалисти способни за решавање на глобалните економски проблеми, зголемувајќи ја и конкурентноста на рускиот бизнис и целата руска економија. И постојаното напредување на Високата школа за економија на меѓународните рангирања е доказ дека универзитетскиот тим постигнал голем успех во својата работа во текот на изминатите години“.

„Високата школа за менаџмент постојано ги ажурира и обновува своите наставни програми во склад со светските трендови, така што нејзините дипломци се секогаш на барани и ценети на пазарот на трудот од водечките работодавци и компании. Па, резултатите од авторитативниот рејтинг на „Financial Times“ покажуваат дека сме на вистинскиот пат. Една од клучните цели на стратегијата за развој на овој оддел на Санкт-Петербуршкиот државен универзитет (СПбГУ), е да влезе во првите 30 водечки европски бизнис школи до 2025 година. Ние сакаме да постигнеме целосен паритет со лидерите за обука на бизнис менаџери со цел да продолжиме да создаваме знаење, да собираме нови кадри и да го менуваме светот на подобро “, изјави Олга Дергунова, директор на Високата школа за менаџмент на Санкт-Петербуршкиот државен универзитет (СПбГУ), која истовремено ја извршува и функцијата заменик претседател на претседателот на Управниот одбор на банката ВТБ.

На реномираниот рејтинг на „Financial Times“ влијаат таквите критериуми како просечното ниво на приход, растот на платата и растот на кариерата на дипломираните студенти во рок од три години по завршувањето на програмата, степенот на меѓународна академска мобилност, нивото на научни истражувања во училиштето, процентот на наставници со научна диплома и други. Рејтингот на „Financial Times“ е меѓународна и прифатена ознака за квалитет за програми за деловно образование.

Пишува: Дарко Тодоровски

Коментари

коментари

error: Content is protected !!