сабота, 16 јануари, 2021

Тажна вест: Македонија загуби светски познат архитект

На 90-годишна возраст почина светски признаениот архитект Георги Константиновски.

„Со длабоко жалење Ве известувам дека на ден 08.12.2020 година, почина мојот татко, професор Георги Константиновски. Погребот беше извршен денес на гробиштата во Бардовци.
Нека почива во мир…“, сподели неговиот син Валентино Константиновски.

Георги Константиновски дипломирал на Архитектонски отсек на Техничкиот факултет во Скопје во 1956 година и припаѓа на првата генерација архитекти од овој факултет. По дипломирањето се вработил во Заводот за урбанизам при Народниот одбор на Скопската околија во Скопје. Во 1958 година бил примен како асистент на Архитектонски отсек во Скопје по предметот Проектирање станбени и угостителски објекти. Тука му завршува професионалната кариера како редовен професор во 1995 година. Во 1953 година бил на стручно усовршување во бирото на арх.Само Алмоснино и во „Еврејската агенција за урбанизам“ во Израел, а во 1960 година во Белград во бирото на арх.Рајко Татиќ. Магистрирал на Јелскиот универзитет, САД во 1965 година кај Пол Рудолф и Сергеј Чемаеф.

Архив на град Скопје

Работел во Њујорк во Бирото на Јо Минг Пеј, Хенри Коб и Аралдо Кауста. Тој е основач на прогресивната вонинституционална архитектонска група “Андерграунд” во Скопје во 1968 година. По доаѓањето во Скопје одржал поголем број предавања пред скопските архитекти за Современата американска архитектура проследена со дијапозитиви, работејќи интензивно цели две години на пишување книга во којашто ги вклучува големите имиња на сите живи американски архитекти. Токму за оваа цел добил огромен материјал посебно од фотографии на нивни објекти. Книгата со целокупниот материјал не биле никогаш да бидат објавени поради фактот што тогашниот директор на печатницата Нова Македонија отсечно одбил да печати книги поврзани со американска архитектура.

Студентски дом Гоце Делчев

Во матичната книга на Архитектонски факултет во 1965 година се појавил на час по матичниот предмет каде се соочува со потешкотии во врска со нострификација на дипломата од Јелскиот Универзитет. Избран е за доцент на Архитектонски факултет во 1972 година. Во периодот од 1968 до 1995 се стекнал со сите звања од асистент до редовен професор на Архитектонски факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 1991 година на Белградското триенале на светска архитектура бил прогласен за најдобар архитект на Југославија и бил вброен во најдобрите 55 светски архитекти.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!