Филмот „Врба” на Милчо Манчевски е меѓу петте финалисти за наградата најдобра филмска локација во Европа

Оваа награда ја доделува Европската мрежа на филмски комисии (EUFCN), а Прилепската област каде што се снимаше „Врба” влезе меѓу топ 5 во конкуренција со локации од 28 земји.

„Локацијата е апсолутно лик во приказната, така е во сите филмови на Манчевски. Има два вида динамика за тоа како употребата на локациите се доживува од публиката: Македонската публика се гордее со неговите филмови и ги доживува дури и како дел од националниот идентитет. Публиката во странство ги гледа филмовите на Манчевски – и локациите – како претставување на оваа мала земја, но исто така и како нешто универзално”, вели продуцент на „Врба” Јане Ќортошев во преставувањето на финалистот „Врба”.

На официјалниот сајт на EUFCN е отворено гласање за 5те финалисти што трае до 12 јануари 2021, а за „Врба” може да гласа ОВДЕ

„Врба” е македонскиот кандидат за Оскар за 2021 година. За една година од светската премиера на Римскиот филмски фестивал, „Врба” освои вкупно 5 трофеи, постигна рекорди во кино и тв прикажувањето дома, доби одлични критики во светските медиуми, над 20 фестивали на четири континенти, а филмот го продолжува фестивалскиот поход со несмалено темпо што времено беше запрено поради ковид-19 пандемијата.

За наградата Најдобра филмска локација во Европа останатите финалисти се: Банска Штјавница од словачкиот филм „Дракула”, Езерото Резија близу Курон од италијанскиот филм „Курон”, замокот Моритсбург од германскиот филм „Ангелите на Чарли”, црквата Пажаисли и манастирскиот комплекс околу неа во Литванија од филмот „Катерина Велика”.

Наградата на победникот ќе му биде врачена во февруари на Берлинале.

Извор: kanal5.com.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!