недела, 28 февруари, 2021

Ердоган: Санкциите на САД кон Турција би биле непочитување на важен сојузник на НАТО

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган оцени дека американската одлука за воведување санкции против Анкара поради набавка на руски противвоздушни ракетни системи С-400 ќе претставува непочитување на важен сојузник од НАТО.

Повикувајќи се на неименувани извори, Ројтерс во четвртокот објави дека санкциите ќе важат за луѓе од врвот на турската воена индустрија, по што вредноста на турската лира падна за 1,4 проценти.

С400

Се проценува дека санкциите не се само порака до Анкара, туку и до американските партнери ширум светот кои се подготвени да купат руска воена опрема.

Ердоган рече дека Турција ќе биде трпелива и ќе почека да види развој на ситуацијата, бидејќи администрацијата на новоизбраниот претседател на САД, Josephозеф Бајден, ќе стапи на должност следниот месец.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!