понеделник, 18 октомври, 2021

Директорот на АХВ, Атанасов ќе соопшти детали за болеста во рибниците со пастрмка

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Зоран Атанасов денеска ќе соопшти детали за појавата на болест во рибниците со пастрмка.

При спроведувањето надзор за испитување присуство на вирусна хеморагична септикемија (ВХС) и инфективна хематопоетска некроза (ИХН) кај пастрмки, земени беа примероци од 49 одгледувалишта. Притоа, кај 18 се потврди присуство на ИХН. Болеста не е зооноза, односно не е опасна за луѓето.

Директорот Атанасов на прес-конференција ќе информира и за состојбата со безбедноста на храната третирана со јонизирачко зрачење, употребата на конзерванси во производството на храна, за донесувањето на петгодишната Стратегија за безбедност на храната и храната за животни и за воспоставувањето на националната структура во рамки на Кодекс алиментариус.

Презентирани ќе бидат и новините во програмите, Годишната наредба за здравствена заштита на животните, програмите за мониторирање на безбедноста на храната, како и Програмата за контрола на одделни физички, хемиски и биолошки опасности во определени видови или категории храна што Агенцијата ќе ги реализира во 2021 година.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!