понеделник, 25 октомври, 2021

30-годишна жена е жртва на Ковид-19: Од ГОБ 8 Септември излегоа со официјални детали

Во последните 24 часа се направени 3114 тестирања, а регистрирани се 1161 нови случаи на ковид-19. Починати се 26 лица, седум од Скопје, а меѓу нив има и 30-годишна пациентка, која починала во болнички услови.

Од ГОБ 8 Септември велат дека пациентката била примена со тешка пневмонија, но имала и коморбидитети.

-Триесетгодишната пациентка од Скопје била примен во ГОБ 8 Септемви на втори декември со тешка форма на пневмонија. Пациентката имала висок крвен притисок, дијабет тип 2 и била обезна. И покрај тоа што и била дадена потребната терапија таа починала рано утрото на 11 декември, велат од ГОБ 8 Септемви.

Инаку, според податоците во последните 24 часа се направени 3114 тестирања, а регистрирани се 1161 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-410, Куманово-54, Дебар-19, Штип-54, Прилеп-59, Тетово-58, Струга-25, Велес-55, Битола-75, Охрид-51, Кавадарци-55, Гостивар-38, Гевгелија-38, Струмица-27, Крива Паланка-10, Радовиш-14, Крушево-1, Кочани-28, Пробиштип-7, Демир Хисар-3, Македонски Брод-2, Пехчево-1, Берово-1, Валандово-5, Виница-2, Делчево-5, Кратово-3, Свети Николе-18, Кичево-12, Ресен-7, Неготино-24.

Починати се 26 лица, и тоа седум пациенти од Скопје (61, 66, 63, 67, 68, 64 и 30г), двајца од Куманово (53 и 63г), двајца од Штип (64 и 78г), двајца од Прилеп (85 и 85г), еден пациент од Струга (71г), еден од Битола (61г), четири пациенти од Гостивар (57, 83, 76 и 75г), еден од Струмица (80г), еден од Крива Паланка (73г), двајца од Кочани (66 и 67г), еден од Пробиштип (35г), пациент од Делчево (64г) и еден од Кичево (66г). Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 72044, бројката на оздравени пациенти е 48170, на починати е 2077, а бројот на активни случаи изнесува 21797.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!