Во пресрет на VI Меѓународна академија за автоимунитет, што се одржа на 6 декември во Санкт Петербург, научниците од Санкт-Петербуршкиот државен универзитет (СПбГУ) анализираа околу 100 научни трудови и статистички податоци за вирусот на КОВИД-19 во различни земји во светот. Анализата на овие податоци покажа дека ширењето на новата инфекција со КОВИД-19 се случува побавно каде има голем процент на луѓе вакцинирани против туберкулоза со вакцината БСЖ, а самата оваа вакцина, примена во раното детство, го менува имунитетот на таков начин што новата коронавирусна инфекција е помалку сериозна. Прегледот е објавен во научното списание Juvenis scientia.
Авторите на статијата, создадена под раководство на Леонид Чурилов, заменик-раководител на лабораторијата за автоимунителен мозаик, раководител на одделот за патологија, Санкт-Петербуршкиот државен универзитет (СПбГУ), беа млади научници: Алина Петјаева, лабораториски истражувач на лабораторијата и студент на Санкт-Петербуршкиот државен универзитет (СПбГУ), општиот лекар, дипломирана на онлајн курсот за General Pathophysiology на Санкт-Петербуршкиот државен универзитет (СПбГУ), Јана Ивашкевич, која што е задолжена и води научна работа на Универзитетот, како и докторот Љубов Козачевскаја.

Санкт-Петербуршкиот државен универзитет (СПбГУ), основан по наредба на Петар Велики пред 296 години, е еден од најголемите и водечки класични универзитети и еден од најважните центри на наука, образование и култура во Русија. Актуелниот претседател на Русија Владимир Путин и поранешниот претседател Дмитриј Медведев се дипломирани студенти на Правниот факултет на Санкт-Петербуршкиот државен универзитет (СПбГУ). Универзитетот има долга традиција на истражување и научни откритија во скоро сите гранки на науката. Затоа, не е изненадувачки што група истражувачи од Медицинскиот факултет при Санкт-Петербуршкиот државен универзитет (СПбГУ) предводена од заменик-шефот на лабораторијата за мозаик за автоимунитет (Laboratory of the Mosaic of Autoimmunity), беше во можност да спроведе сеопфатна студија што овозможи да се поврзе ширењето на Ковид-19 и степенот на неговиот тек со задолжителна вакцинација против друга сериозна болест – туберкулозата.
Пролетта на 2020 година, експерти од различни земји веќе сугерираа дека текот на епидемијата на КОВИД-19 е поврзан со вакцинацијата против туберкулозата. Сепак, во тоа време, статистичките податоци за пациентите со КОВИД-19 низ целиот свет сè уште беа недоволни за да се извлечат веродостојни заклучоци. Денес, лекарите ширум светот почнуваат да наоѓаат важни модели на закономерности кои ќе помогнат да се заштити здравјето на луѓето во иднина.

Анализата на статистичките податоци, спроведена од експерти на Санкт-Петербуршкиот државен универзитет (СПбГУ), покажа дека заболувањето на КОВИД-19, текот на акутната интерстицијална пневмонија предизвикана од инфекција и стапката на смртност од инфекцијата се поврзани со фактот на вакцинација со бацили Калмет-Гурин (БСЖ) според националниот календар за вакцинација. „Стапката на смртност се покажа како пониска во оние земји каде што работат националните програми за вакцинација против БСЖ или се уште траат и денес, особено ако се практикуваат ревакцинации: во Источна Европа, Финска, Кина, Јапонија, Кореја, Централна и Јужна Азија, Африка, во голем број земји, кои беа вклучени во бившиот Советски Сојуз. Оваа бројка е многу поголема кога масовната вакцинација со БСЖ вакцини никогаш не била спроведена или била запрена пред повеќе од 20 години, на пример, во САД, Италија, Холандија, Белгија, Германија (односно западните делови на Германија во споредба со источните делови)“, се вели во извештајот. Позицијата за поврзаноста на БСЖ вакцината со намалување на ширењето на КОВИД-19 и помалку тежкиот тек на инфекцијата е потврдена со научни студии на меѓународни тимови на научници од САД, Германија, Канада, Индија и Иран.




„Вакцинацијата со вакцината БСЖ во Русија се прави еднаш во животот за новороденчиња – Но, имено раното и долгорочно дејство на штамите на вакцината врз имунолошкиот систем на личноста во развој обезбедува адјувантен ефект – го подобрува имунолошкиот одговор на организмот на разни, вклучувајќи и многу заразни антигени.“ – Јана Ивашкевич, општ лекар, дипломирана на онлајн курсот за General Pathophysiology на Санкт-Петербуршкиот државен универзитет (СПбГУ).
Само четири земји во светот – Белорусија, Казахстан, Туркменистан и Узбекистан, вршат ревакцинација – се вакцинираат двапати. Санкт-Петербуршкиот државен универзитет (СПбГУ) дојдоа до заклучок дека ефектот на обучен имунитет се постигнува доколку вакцината БСЖ се воведува во незрел имунолошки систем (новороденчиња). Научните претпоставија дека вакцината БСЖ предизвикува обучен имунолошки систем, што дополнително ги активира клетките што ја мобилизираат одбрамбената моќ на организмот. А, медијаторите произведени по вакцинирањето со БСЖ може да придонесат за помалку сериозен тек на болеста и инфекцијата.
„Има причина да се верува дека кај возрасни и постари луѓе кои не биле вакцинирани во раното детство, ефектот на доцното вакцинирање со БСЖ ќе биде значително помал“, објасни Леонид Чурилов. „Во исто време, постојат научни истражувања на научници од Холандија, каде што не се спроведува вакцинација со БСЖ во детството, што укажува на тоа дека вакцинирањето на возрасни со БСЖ не придонесува за влошување, напротив, донекаде го олеснува текот на болеста и инфекцијата кога пациентот е заразен со КОВИД-19.




Функционира на следниов начин: вакцината БСЖ активира локален имунолошки одговор на слузницата. Преку неа се шири акутната респираторна болест предизвикана од САРС-CoV-2 (КОВИД-19). Според руските научници, вакцината БСЖ го активира обучениот имунитет, кој активира моноцити, макрофаги и природни клетки убијци – клетки кои ја мобилизираат неспецифичната одбрана на организмот. Исто така произведени по вакцинирање со БСЖ, интерферон гама и други медијатори на крајот може да придонесат за помалку сериозен тек на болеста и инфекцијата.
„Предизвикувачот на новата инфекција со КОВИД-19 и БСЖ вакцината имаат заеднички пептиди, што значи дека е можна индукција на вкрстен имунитет. Во моментов се во тек големи клинички испитувања на вакцината БСЖ и испитувања на нејзината употреба и влијание за спречување на новата инфекција со КОВИД-19, на пример, во Холандија и Австралија“. – Јана Ивашкевич, општ лекар, дипломирана на онлајн курсот за General Pathophysiology на Санкт-Петербуршкиот државен универзитет (СПбГУ).

Можеби оваа студија ќе биде добар одговор на бројните противници на вакцинацијата и вакцините ширум светот, и уште еднаш ќе обезбеди докази за потребата од навремена вакцинација, од кое што се откажаа голем број на држави на државно ниво. Благодарение на задолжителните вакцинации за БСЖ, Русија е делумно заштитена од КОВИД-19, и второ, искуството на Русија со универзална вакцинација на деца на БСЖ може да се користи во светски рамки за да се заштитат луѓето од коронавирус.
Пишува: Дарко Тодоровски
