Важна информација за сите матуранти – МОН даде нови насоки

Министерството за образование и наука соопшти за денешната средба на министерката Мила Царовска со претставници на Сојузот на средношколци и неговиот претседател Бленди Ходаи, на која разговарале за полагањето на државната матура, програмите и начинот на кој ќе се организираат испитите.

Во соопштението МОН наведува дека првата одлука што ја донело е да се скратат програмите по кои ќе се одржуваат испитите од државната матура со цел полагањето да биде ефективно и организирано. МОН соопштува и дека на состанокот е најавена целосно нова концепција за државна матура која ќе се применува од 2021/2022 година, а во чија изработка ќе бидат вклучени и наставниците и средношколците.

Како што информира МОН, Царовска истакна дека ставот на Министерството е државна матура треба да има како и во сите останати европски држави и држави од регионот и дека и Македонија не смее да биде исклучок по негативни практики.

– Имаме шест месеци да се подготвиме за државната матура, што е повеќе од доволно за организирање на овој процес. Разбираме дека постои страв и несигурност кај средношколците во однос на безбедноста и самиот процес на подготовка, но токму затоа сме тука, низ заеднички дијалог да понудиме решенија кои ќе гарантираат и безбедност и поддршка.Заедно со учениците, училиштата, со наставниците и, секако, со здравствените власти ќе најдеме начин самото полагање да биде безбедно. Истовремено, работиме на креирање систем кој ќе им помогне на средношколците да се подготват и да постигнат високи резултати на државната матура, кои ќе им бидат основа за понатамошно нивно надградување, информира МОН и додава дека е во постојан контакт со матурантите за да бидат во тек со сите новини со матурата и заеднички да се организира успешно полагање.

Средношколците на средбата биле информирани дека МОН преку Државниот испитен центар веќе ги известил секретарите на училиштата и наставниците за датумите на испитите и за новините во државната матура – проширената листа на екстерни предмети за гимназиско образование со информатика и географија, новата програма за проектна задача…

Претседателот на Средношколскиот сојуз Бленди Ходаи по состанокот во МОН за медиумите изјави дека имаат две барања за матурантите од оваа генерација поради условите наметнати од пандемијата – да полагаат два наместо три екстерни испити и помалку да биде вклучен наставниот материјал што го изучуваа преку онлајн-платрформи од почетоот на ковид-кризата.. За второто барање, рече Ходаи, имало согласност од МОН, а за првото (помалку испити) засега не, но дека ќе се трудат и натаму за да биде прифатено.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!