петок, 26 февруари, 2021

Меркел: Нема да имаме доволно вакцини

Германската канцеларка Ангела Меркел денес изјавила дека властите во таа земја нема да бидат во можност да обезбедат доволно вакцини во првиот квартал од 2021.

Таа пред Бундестагот рекла дека би било возможно да се намали смртноста, но исто така додала дека ќе ги преземе сите мерки за да ги одржи училиштата и градинките отворени, пренесе „Ројтерс“.

Меркел се согласува со препораките да се затворат продавниците во божиќниот период до 10 јануари, противејќи се на отворањето на хотелите, за да се спречи патување на семејствата кои сакаат да ги посетат роднините за време на празниците.

Меркел рекла дека досегашното искуство покажало дека вториот бран на пандемијата е посилен од првиот, додавајќи дека и понатаму има премногу луѓе кои се инфицирани во Германија.

Таа рекла дека граѓаните на Германија не доволно ги намалиле контактите со други лица.

Извор: kanal5.com.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!