Одлука на Влада: Секоја институција е должна да ги објави овие информации на својата веб страна

На денешната Седница на Влада беше разгледана и усвоена Информацијата за листа на документи и информации кои имателите на информации се обврзани да ги објават на своите веб-страници, и беше донесен заклучок со кој се задолжуваат министерствата, органите во состав на министерствата, самостојните органи на државната управа, самостојните државни органи кои одговараат пред Владата, јавните претпријатија основани од страна на Владата, акционерските друштва во државна сопственост, како и другите иматели на информации кои одговараат пред Владата, во рок од 30 дена од усвојувањето на оваа информација на своите веб-страници да ги објават документите и информациите наведени во членот 10 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Љупчо Николовски, вицепремиерот за борба против корупција, на својот фејсбук профил објави:

„Транспарентноста и отчетноста се врвен приоритет на Владата на РСМ. На денешната владина седница ја усвоивме Информацијата за листа на јавно достапни документи и информации за државните институции.

Согласно оваа информација, сите министерства и нивни органи, самостојните органи на државната управа, самостојните органи кои одговараат пред Владата, јавните претпријатија и акционерски друштва кои се во државна сопственост во рок од 30 дена се задолжени да ги објават документите и информациите наведени во членот 10 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Со информацијата е опфатена и локалната самоуправа.“

Според Законот за информации од јавен карактер, во член 10 стои следното:

Член 10

(1) Имателот на информации е должен да ја информира јавноста за:

– основните податоци за контакт со имателот на информацијата и тоа: назив, адреса, телефонски број, број на факс, е-маил адреса и адресата на веб страницата;

– начинот на поднесување на барање за пристап до информации;

– прописи кои се однесуваат на надлежноста на имателот на информации, поврзани со регистарот на прописи објавени во службеното гласило;

– предлог на програми, програми, стратегии, ставови, мислења, студии и други слични документи кои се однесуваат на надлежноста на имателот на информации;

– сите повици во постапката за јавните набавки и тендерската документација утврдени со закон:

– податоци за неговите надлежности утврдени со закон;

– организацијата и трошоците на работењето, како и за давањето на услуги на граѓаните во управната постапка и за своите активности;

– издавање на информативни билтени и други облици на информирање;

– интернет страницата за објавување на одлуки, акти и мерки со кои се влијае на животот и работата на граѓаните и

– други информации кои произлегуваат од надлежноста и работата на имателот на информации.

Граѓаните имаат законско право да ги побараат овие информации, а институциите и сите иматели на информации се должни да овозможат навремен и бесплатен пристап до информациите.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!