Уште една тажна вест ја потресе Македонија: Цел живот лекуваше други – но тој ја загуби битката со корона вирусот

Секоја загуба на живот е тажна и тешка но свој начин, но во време на пандемија, кога здравствените работници се борат за спасување на туѓи животи, некако најтешко се прифаќаат токму вестите за нивното заминување на вечното почивалиште.

Медицинските работници не се имуни на Ковид-19, напротив тие можеби се и едни од најкревките, затоа што се во постојан судир со вирусот, за кој конечно се произведе вакцина и истата во најкраток рок ќе започне да ја примаат пациенти.

На социјалните мрежи, Томи Христоски соошти за тажна вест, почина докторот Вангел Трајчулески. Неговата објава ви ја пренесуваме во продолжение:

Почитувани сограѓани,

Во ова време на коронавирус сфативме колку ни се важни лекарите и сиот медицински персонал. Сфативме колку се трудат да не’ заштитат од оваа зараза, но и од многу други болести. Со тоа тие се најмногу изложени на оваа опасност.

Докторот Вангел Трајчулески не се штедеше цел свој работен век, а најмалку во изминатите 10 месеци кога постојано беше во судир со вирусот. За жал и тој е жртва на ова зло.

Доктор Трајчулески го загуби животот прерано, но остави многу добри работи позади себе. Неговиот придонес преку неговата професија живот значеше за крушевчани. За жал, ние не можевме да ти возвратиме на било кој начин за да продолжиш да не лечиш и да бидеш физички присутен наш пријател и сограѓанин.

Сакам да изразам сочуство до семејството. Ова е голема загуба и што и да се каже тешко е. Само порачувам да бидете успешни како него и да правите добри дела за Крушево и за цела држава како што тој правеше.

Нека почива во мир.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!