Саботна статистика: Најмладиот починат имал само 36 години, вкупниот број на позитивни изнесува 984 случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2995 тестирања, а регистрирани се 984 нови случаи на ковид-19 во:

Скопје-398, Куманово-47, Дебар-11, Штип-46, Прилеп-59, Тетово-44, Струга-15, Велес-32, Битола-46, Охрид-28, Кавадарци-29, Гостивар-46, Гевгелија-22, Струмица-24, Крива Паланка-3, Радовиш-8, Крушево-1, Кочани-11, Пробиштип-4, Демир Хисар-1, Македонски Брод-3, Пехчево-2, Берово-15, Валандово-2, Виница-1, Делчево-26, Кратово-4, Свети Николе-8, Кичево-22, Ресен-11, Неготино-15.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 631 оздравени пациенти од: Скопје-264, Куманово-45, Штип-34, Прилеп-45, Велес-38, Битола-51, Кавадарци-18, Гевгелија-4, Струмица-26, Крива Паланка-3, Радовиш-3, Крушево-2, Кочани-9, Пробиштип-4, Демир Хисар-5, Македонски Брод-8, Валандово-3, Виница-3, Свети Николе-17, Кичево-30, Ресен-7 и Неготино-12.

Починати се 24 лица, дванаесет пациенти од Скопје (75, 64, 60, 71, 69, 79, 36, 35, 70, 61, 74, 80г), двајца од Куманово (62 и 77г), еден пациент од Струга (73г), еден од Велес (76г), тројца од Битола (60, 81 и 55г), еден од Охрид (63г), еден од Струмица (56г), еден од Крива Паланка (53г), еден од Кочани (42г) и еден пациент од Кичево (65г). Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 67311, бројката на оздравени пациенти е 42872, на починати е 1901, а бројот на активни случаи изнесува 22538.

Направените 2995 теста се преку: ИЈЗ-781, ЦЈЗ Скопје-95, Авицена-320, Биотек-245, МАНУ -179, Жан Митрев (Филип Втори)-146, Систина со PCR метода -168, лабораторија Лаор –52, Судска медицина-55, ЦЈЗ Битола-54, Инфективна клиника-5, ГАК-0, Синлаб-65, Ремедика-29, лабораторија болница Козле-18, ЈЗУ (рапид тест) -779, УК Пулмологија со алергологија –4, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 347.080 тестирања на Ковид -19.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!