петок, 26 февруари, 2021

Понуда која делува крајно интересно: Наместо тие – ние да ја замрзнеме кандидатурата за ЕУ

Голема кавга во Комисијата за историски прашања – главниот проблем е придавката македонски. Дводневната средба на македонско бугарските историчари во која сите се крстеа на решение, заврши како тотално фијаско со префрлувања и одрекувања за време на прес конференцијата меѓу двајцата копретседатели Ангел Димитров и Драги Ѓоргиев. Единственото за коешто се согласија и двајцата е дека има нула напредок.

Проблемите продолжиле и во делот на историските личности. Ѓоргиев обвини дека Димитров сака да ги наметне само бугарските тези. Настрада можниот компромис за Гоце Делчев, но се проблематиризаше и цар Самуил во однос како биде интерпретирана неговата улога во учебниците.

Димитров повторно на сцена ја врати Коминтрерната иако не негираше сегашно постоење на македонската нација.

Впечаток е дека денешната средба на некој начин беше минирана. И двете страни настапија со тврди ставови кои веќе ги имаа. Оптимистична е само најавата дека следната недела Комисијата пак ќе се состане онлајн.

Станува се поизвесно дека европската врата за Македонија нема да се отвори овој декември.

По тој повод се огласи и новинарот Сеад Ризвановиќ, кој има интересен предлог кој доби голема поддршка.

Според него, потребно е ние да ја замрзнеме нашата кандидатура за членство во ЕУ и да се чека одговор од Брисел.

-Ако имаме грам самопочитување треба сами да ја замрзнеме кандидатурата за членство во ЕУ, се додека Брисел не се изјасни јавно дека идентитетските прашање не се услов за влез во унијата, толку од мене по ова прашање, – пишува Сеад.

Кој е вашиот став за ова прашање?

Коментари

коментари

error: Content is protected !!