По најновите случувања: Горан Пандев ќе прекине да дава финансии за тимот Академија Пандев?

Два меча како тренер на Ренова, и две победи за Ќатип Османи. Шест бода за бегство од дното на табелата. Очигледно е дека шок терапијата се покажа како супер успешна. Попладнево во Струмица, “гипсарите“ одиграа сосема солидно, токму онака како што треба и успеаја со 1:0 да слават над домашната екипа на Академија Пандев. Победничкиот гол се случи во 73.минута кога по една долга акција на гостите, дојде до мешаница пред домашниот гол, а Шефити од непосредна близина успеа да ја матира домашната одбрана.

Академија Пандев колку и да се трудеше сепак не успеваше ништо да стори, посебно по повредата на Марјан Радески, веројатно најдобриот фудбалер на струмичани, во таа 41.минута кога мораше да биде заменет.

Со оваа победа Ренова почна со бегството кон средината од табелата, додека Академија Пандев уште повеќе се зацврсти на дното. Пеколно ќе биде за струмичани во продолжение од првенството.

По повод денешниот натпревар во Струмица, со кратко сооптешние се јавија и од Академија Пандев, кои под знак прашалник го ставија инвестирањето на Горан Пандев во тимот.

-Пораз од 0-1 против екипата на Ренова. Против еден противник можеби и ќе се боревме, но не бевме моќни и против судијата Стојанче Трпчевски кој денеска беше дојден/пратен во Струмица со цел да и наштети на Академија Пандев.

-Не бараме алиби за слабите резултати оваа сезона, но се доведуваме во ситуација да размислиме дали милионските вложувања на нашиот сопственик во македонскиот фудбал се правилна оклука.

За македонскиот фудбал да оди напред, мора работите да се менуваат од корен…

Коментари

коментари

error: Content is protected !!