Британскиот премиер Борис Џонсон би можел да се вакцинира во живо пред ТВ-камери

Британскиот премиер Борис Џонсон би можел да се согласи да се вакцинира во живо пред телевизиските камери за да покаже дека вакцината е ефикасна, но тоа нема да го стори пред оние на кои им е потребна, рече неговата портпаролка.

На прашањето дали премиерот ќе се согласи да се вакцинира во живо пред камерите, портпаролката на Борис Џонсон рече дека не му го поставила тоа прашање директно, но дека не верува дека тоа е нешто што тој ќе го одбие.

Таа додаде дека Џонсон сигурно не би сакал да ја прима вакцината пред оние на кои им е потребна и кои спаѓаат во категориите на ризик, пренесува Ројтерс.

Премиерот на Велика Британија рече дека вакцинацијата ќе биде на доброволна основа, а анкетите на јавното мислење покажуваат дека 20% од Британците не се сигурни дека вакцината е безбедна.

Идејата дека министерот за здравство Мет Хенкок може да се вакцинира во живо пред телевизиските камери ја поддржуваат 66 проценти од граѓаните.

Владата на Велика Британија соопшти дека приоритет во имунизацијата ќе имаат вработените во домовите за стари лица и нивните корисници, сите граѓани постари од 80 години и здравствените работници кои се во првите редови во борбата против пандемијата.

На почетокот на оваа година, британскиот премиер беше сместен на одделот за интензивна нега откако се зарази со ковид-19.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!